Влезниците за финалето на Светското првенство се продаваат за милиони долари

Влезниците за финалето на Светското првенство, кое ќе се игра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, достигнаа цени од над 2 милиони долари на официјалната платформа за препродажба на ФИФА

Прегледи:

Датум:

Влезниците за финалето на Светското првенство, кое ќе се игра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, достигнаа цени од над 2 милиони долари на официјалната платформа за препродажба на ФИФА.

Имено, четири седишта за финалето моментално се достапни на платформата за размена и препродажба на билети, а цената за секое е неверојатни 2.299.998 долари.

Доколку некој ги купи сите четири седишта, тоа би го чинело неверојатни 9,2 милиони долари, но има и малку поевтини опции.

Во истиот сектор зад еден од головите, може да се добие билет за 16.098 долари.

ФИФА не ги контролира цените што продавачите ги бараат на страницата, но зема провизија од 15 проценти и од продавачот и од купувачот за секоја трансакција.

Фудбалската организација на тој начин би можела да заработи речиси 600.000 долари од продажбата на само еден билет од 2,3 милиони долари, со оглед на тоа што нивниот процент е веќе вклучен во прикажаната цена.

Потсетуваме, на претходните Светски првенства, цените на препродажбата беа ограничени на номиналната вредност на билетот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...