Андреева: Сакам да бидам како Роџер Федерер

Руската тинејџерка, Мира Андреева која наполни 19 години во април, го освои Ролан Гарос и стигна до првата Гренд слем титула во својата кариера

Прегледи:

Датум:

Руската тинејџерка, Мира Андреева која наполни 19 години во април, го освои Ролан Гарос и стигна до првата Гренд слем титула во својата кариера. Светот беше фасциниран не само од нејзината игра, туку и од нејзината челична смиреност. По големиот триумф, младата жена откри тајна за јавноста – го имитирала Роџер Федерер на теренот.

Познато е дека во последните години Мира Андреева загуби некои клучни натпревари на големите турнири затоа што едноставно не можеше да се справи со притисокот. Разочарувањето ја обземаше, а солзите и гневот беа редовна појава. Во Париз, сепак, видовме сосема нова млада Русинка. Без паника, без нервни сломови и со смиреност на ветеран, Андреева стигна до трофејот.

На официјалната прес-конференција по кревањето на трофејот, Андреева откри како го постигнала овој неверојатен ментален пресврт. Разговорот со психолог одигра клучна улога.

„Мојот психолог ми рече дека на теренот можам да изберам да бидам кој сакам. Потоа решив и избрав да бидам Роџер Федерер. Гледав многу негови натпревари овде. Јасно е дека никогаш нема да ја имам неговата аура, никој на светот никогаш нема да ја има. Но, навистина сакав барем да се обидам да го имитирам начинот на кој се однесува на теренот“, рече Мира Андреева.

Федерер во текот на целата своја кариера беше синоним за класа, џентлменство и контрола врз емоциите – никогаш не беснееше или премногу ги славеше поените, и токму тоа било целта на Мира.

„Навистина сакав да изгледам елегантно и добро на теренот. Не сакав да покажам разочарување или незадоволство од сопствената игра. Се фокусирав само на тоа и успеав“, додаде Андреева.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Голем удар за Арсенал: Букајо Сака ќе паузира два месеци поради повреда

Арсенал стравува дека Букајо Сака ќе отсуствува најмалку шест...

Де Зерби: Лошата статистика на Тотенхем против Челси е одлична мотивација

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, изјави дека лошата...

Норис зема апчиња за да се справи со нерамнините на „Circuit of the Americas“

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, откри дека...

Тројца пилоти се соочуваат со казни за Големата награда на САД

Најмалку тројца возачи ќе бидат вратени на стартната линија...