Ѓоковиќ има нов тренер

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ веќе некое време вели дека само некој што добро го познава би бил земен во предвид за нов главен тренер, а сега таква личност пристигна

Прегледи:

Датум:

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ веќе некое време вели дека само некој што добро го познава би бил земен во предвид за нов главен тренер, а сега таква личност пристигна. Новиот член на тимот на Ѓоковиќ е Виктор Троицки, пишува Sport klub.

Троицки веќе беше виден со Ѓоковиќ на тренинг пред Ролан Гарос во вчера, додека Новак тренираше со Александар Зверев. Како главен тренер на српската екипа од Дејвис купот, Троицки беше тренер на Ѓоковиќ на Олимписките игри во 2024 година, каде што Новак освои историски златен медал.

Деталите од договорот сè уште не се познати. Ѓоковиќ имаше кратки соработки со пријатели кои беа негови тренери во последните години, како што се Ненад Зимоњиќ и Душан Вемиќ, па останува да се види дали овој пат ќе биде поинаку. Веројатно ќе биде, со оглед на тоа што Троицки претходно го тренираше Миомир Кецмановиќ.

Повеќе детали треба да бидат познати по воведната прес-конференција на Ѓоковиќ во Париз, која ќе се одржи во текот на викендот. Борис Бошњаковиќ е главен тренер речиси една година. Тој е исто така во Париз, а негова специјалност се аналитиката и скаутирањето на противниците.

Ѓоковиќ и Троицки, кои се со разлика од само една година, се многу добри пријатели од детството и заедно надминале бројни професионални пречки. На АТП Купот во 2020 година, токму дуото Новак-Виктор ѝ донесе победа на Србија во финалниот натпревар против Шпанија.

Како што споменавме, Троицки досега беше тренер на Миомир Кецмановиќ, кој го освои Челинџер турнирот во Валенсија минатата недела и се врати меѓу првите 50 тенисери во светот. Главен тренер на Кецмановиќ сега ќе биде Огњен Јовановиќ, кој повремено беше дел од неговиот тим и претходно. Останува да се види дали Кецмановиќ ќе бара друго решение.

Троицки работи со Кецмановиќ од почетокот на 2025 година, а пред тоа беше тренер на Хамад Меѓедовиќ речиси две сезони. Тој е селектор на српскиот тим за Дејвис купот од 2021 година.

Како играч, Троицки беше рангиран на 12-то место во светот и освои три АТП титули, додека никогаш не стигна до четвртфиналето на Гренд слем. Пет пати стигна до осминафиналето, а пропушти водство од 2-0 во сетови против Енди Мареј во 2011 година во Париз и Вашек Поспишил во 2015 година на Вимблдон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...