Првата желба на Мурињо во Реал ќе чини 50 милиони евра

Мортен Хјумланд (26), капитен на Спортинг Лисабон и незаменлив дефанзивен играч од средниот ред за данската репрезентација, е првата желба на Жозе Мурињо во летниот преоден рок во Реал

Прегледи:

Датум:

Мортен Хјумланд (26), капитен на Спортинг Лисабон и незаменлив дефанзивен играч од средниот ред за данската репрезентација, е првата желба на Жозе Мурињо во летниот преоден рок во Реал. Ова го објави радио станицата „Копе“, додавајќи дека Спортинг ќе го продаде Хјулманд за околу 50 милиони евра, иако неговата клаузула за ослободување е 80 милиони евра.

Тој е во Спортинг од пред три години, кога беше купен од Лече за 19 милиони евра. Оттогаш, го предводеше Спортинг до две шампионски титули во Португалија и еден Куп. Во 140 натпревари за клубот, постигна 10 гола и асистира на 12. Мурињо го запозна одблизу оваа сезона бидејќи е тренер на Бенфика, најголемиот ривал на Спортинг.

„Копе“ додава дека Мурињо исто така инсистира еден од неговите помошници да биде засега неименуван поранешен играч на Реал. За потсетување, за време на неговиот прв мандат во Реал, од 2010 до 2013 година, тој го имаше Аитор Каранка. Истиот извор додава дека тој бара и човек, кој би бил врска помеѓу раководството и тимот, што би можело да биде Тони Крос.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...