Ѓорческа против Сузан Ламенс го почнува настапот во квалификациите за Ролан Гарос

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија.

Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата и е рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир.

Мечот ќе се игра утре (понеделник) како втор меч на теренот број 4. Почетокот на програмата на мечеви е во 10 часот.

Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот Гренд слем турнир – Австралија опен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...