Кога се враќа Јаник Синер?

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, е во болницата Сан Рафаеле во Милано, каде што е на претходно планирани медицински прегледи по здравствените проблеми што ги имаше за време на овогодинешниот Ролан Гарос.

Прегледи:

Датум:

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, е во болницата Сан Рафаеле во Милано, каде што е на претходно планирани медицински прегледи по здравствените проблеми што ги имаше за време на овогодинешниот Ролан Гарос.

Според информациите од Италија, Синер би можел да остане под надзор на лекарите во наредните денови, со цел да се завршат сите планирани дијагностички процедури.

Сепак, неговото враќање на теренот се очекува веќе во среда, кога треба да продолжи со тренинзите во Монте Карло.

Исто така е познато дека Италијанецот нема да игра на ниту еден турнир на трева пред почетокот на Вимблдон, па затоа ќе го искористи следниот период за закрепнување и подготовка за третиот Гренд слем во сезоната.

Синер во последните денови беше на одмор во Сардинија со својата девојка, откако доживеа големо разочарување во Париз.

Светскиот рекет бр.1 имаше предност од два сета и водство од 5-1 против Хуан Мануел Серундол во второто коло на Ролан Гарос, но од третиот сет почна да чувствува здравствени проблеми што значително влијаеја на неговата игра.

На крајот, се случи пресврт и пораз по пет сета.

Кратко по елиминацијата од Париз, Синер го посети медицинскиот центар „J Medical“ во Торино, каде што беше подложен на низа детални прегледи и анализи.

По неколкудневен одмор во Галура, Сардинија, тој одлучи да ги продолжи лекарските прегледи во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, со цел да се утврди причината за проблемите што му се случија за време на натпреварот со Серундол.

Засега нема знаци на сериозни компликации, а планот на неговиот тим останува непроменет – враќање на тренинзите во Монте Карло и целосна подготовка за настапот на Вимблдон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Освојувачот на ЕХФ Лигата на шампионите може да заработи до 850.000 евра

Реформата на системот за натпреварување во Лигата на шампионите...

Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на...

Дурант (37) вели дека кошарката е спорт за млади луѓе

Напаѓачот на Хјустон, Кевин Дурант, проговори за можноста да...

Се подготвува сензација на „Енфилд“ – легенда на Реал пред вратите на Ливерпул

Поранешниот фудбалер Џолеон Лескот откри дека Ливерпул наскоро би...