Сабаленка: Жал ми е за Синер

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, жали за елиминацијата на Јаник Синер од Ролан Гарос. Синер беше неочекувано нокаутиран во второто коло од Хуан Мануел Серундол по пет сета и големи физички проблеми

Прегледи:

Датум:

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, жали за елиминацијата на Јаник Синер од Ролан Гарос. Синер беше неочекувано нокаутиран во второто коло од Хуан Мануел Серундол по пет сета и големи физички проблеми.

„Ми беше многу жал за него. Секогаш го поддржувам Јаник, беше доста болно да го гледам како страда“, рече Сабаленка, додавајќи:

„Бев уверена дека ќе победи, сè до последната топка, го очекував тоа. Не размислував за мојот распоред или кога ќе играм. Ако натпреварот започне подоцна, во ред. Само се грижев дека нема да може да го заврши натпреварот.“

Синер сега ќе направи пауза и ќе се подготви за Вимблдон.

„Она што му се случи е тажно, но уверена сум дека ќе се врати уште посилен. Сега е време да се опорави, да се одмори и да биде подготвен за сезоната на тревa. Штета што го напуштi турнирот толку рано“, рече Сабаленка.

Сабаленка стигна до осминафиналето, каде што ја чека Наоми Осака.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...