„Саншајн дабл“ за Синер: Италијанецот влезе во историјата по триумфот во Мајами

Јаник Синер испиша историја со освојувањето на Мастерс турнирот во Мајами

Прегледи:

Датум:

Јаник Синер испиша историја со освојувањето на Мастерс турнирот во Мајами. Италијанецот го комплетираше таканаречениот „саншајн дабл“ со тоа што го крена и трофејот во Индијан Велс претходно овој месец.

Синер го победи Јиржи Лехечка со 6-4, 6-4, станувајќи првиот машки тенисер по Роџер Федерер во 2017 година кој ги освои турнирите во Индијан Велс и Мајами во иста сезона. Тој е исто така првиот што го сторил тоа без да изгуби сет на двата турнира.

„Ми значи многу. Да го освојам „саншајн дабл“ за прв пат е неверојатно“, рече Синер во своето интервју на теренот.

„Тоа е нешто за кое никогаш не помислив дека ќе го освојам бидејќи е тешко да се постигне. Некако го направивме тоа, па затоа сум многу среќен“, додаде четирикратниот освојувач на Гренд слем турнири.

Синер го продолжи својот рекорд на 34 последователни освоени сета на ниво на Мастерс 1000. Неговата серија започна во Шангај минатата година.

Разликата на Италијанецот со првиот светски рекет, Карлос Алкараз, сега е 1.190 поени.

Лечека, исто така, може да биде повеќе од задоволен од својот настап во Мајами. Од денес, тој е рангиран на 14-то место.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...