Синнер за протестот на тенисерите на Ролан Гарос: „Не станува збор само за пари“

Најдобриот светски тенисер Јаник Синнер зборуваше за незадоволството на играчите од условите на Гренд Слем турнирите, откако тенисерите одлучија да ги ограничат своите интервјуа со медиумите на само 15 минути за време на Ролан Гарос

Прегледи:

Датум:

Најдобриот светски тенисер Јаник Синнер зборуваше за незадоволството на играчите од условите на Гренд Слем турнирите, откако тенисерите одлучија да ги ограничат своите интервјуа со медиумите на само 15 минути за време на Ролан Гарос.

Италијанецот нагласи дека протестот не е насочен против новинарите, туку дека играчите сакаат да отворат посериозни теми поврзани со нивниот статус.

„Не е ништо против медиумите. Со задоволство си ја вршиме работата, но се обидуваме да иницираме одредени промени“, рече Синнер.

Тој додаде дека проблемот не е само паричниот фонд на наградите, туку и прашањата за пензиите и донесувањето важни одлуки поврзани со Гренд Слем турнирите.

„Сакаме да разговараме за тоа кој ги носи одлуките и како функционираат турнирите. Не станува збор само за финансии“, рече светскиот број еден.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...