Вавринка по неговиот последен натпревар на УС Опен: Најважно е она што го доживеав со навивачите

Шампионот на Отвореното првенство на САД за 2016 година, Стен Вавринка, го одигра својот последен натпревар во Њујорк на 41-годишна возраст.

Прегледи:

Датум:

Шампионот на Отвореното првенство на САД за 2016 година, Стен Вавринка, го одигра својот последен натпревар во Њујорк на 41-годишна возраст. Тој беше елиминиран во првото коло од турнирот, откако загуби од Италијанецот Матео Баеретини, а по натпреварот објави дека најважно за него е емоцијата со навивачите, која ја доживеал за последен пат во кариерата.

„Да, беше неверојатно. Беше многу важно за мене да бидам тука и многу сум среќен што добив вајлд-карта. Што се однесува до натпреварот, би рекол дека првите два сета беа на добро ниво. Имав свои шанси, но не можев да ги искористам. Секако, кога победувате во се помалку натпревари, тешко е да се стекне самодоверба, па во тајбрејковите ми беше малку тешко.

Ова е толку посебен град. Стана еден од моите омилени во светот, каде што сакам да поминувам време. Имам многу пријатели тука. Секогаш се случува нешто. Секогаш мора да се најде вистинската рамнотежа помеѓу уживањето во градот и подготвеноста за тенис. На Отвореното првенство на САД, атмосферата е секогаш неверојатна. Чувствувате колку Американците го сакаат спортот. Тие сакаат да го претворат во шоу и како играч тоа е секогаш вредно.

Никогаш навистина не сум се обидел да направам нешто за да бидам запаметен. Она што го гледам е љубовта што ја добив во секој натпревар што го играв оваа година и им се заблагодарувам на сите фанови за тоа. Можеби е затоа што 20 години секогаш сум се борел, секогаш сум давал сè од себе, секогаш сум се обидувал да ги поместам своите граници. За мене, најважно е она што го доживеав со навивачите“, рече Вавринка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Жалбата на Реал одбиена – Винисиус аут за „Ел Класико“

Апелациониот комитет на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ја отфрли...

Рис Џејмс опериран, капитенот на Челси повторно ќе биде надвор од теренот

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, бил подложен на операција...

🎬 Почетокот на неверојатна кариера: Меси дебитираше за Барселона пред 22 години

На денешен ден пред 22 години, на 16 октомври...

Реал Мадрид донесе голема одлука за Белингам

Реал Мадрид ќе потпише нов договор со Џуд Белингам,...