За прв пат по повеќе од осум години, Ѓоковиќ испадна од Топ 10

Новак Ѓоковиќ нема да биде меѓу првите десет тенисери во светот за прв пат по повеќе од осум години, а неговиот пад на АТП ранг-листата би можел да биде уште поголем до крајот на Отвореното првенство на САД. Српскиот ас ќе биде надвор од Топ 10 на листата објавена на 14 септември

Прегледи:

Датум:

Новак Ѓоковиќ нема да биде меѓу првите десет тенисери во светот за прв пат по повеќе од осум години, а неговиот пад на АТП ранг-листата би можел да биде уште поголем до крајот на Отвореното првенство на САД. Српскиот ас ќе биде надвор од Топ 10 на листата објавена на 14 септември.

Последен пат таква ситуација се случи на 15 јули 2018 година, кога беше рангиран на 21-то место во светот поради проблеми со лактот и операција.

Еден од тенисерите кој би можел дополнително да ја искомплицира неговата ситуација е Франсес Тијафо. Доколку Американецот продолжи да бележи победи на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ би можел да претрпи поголем пад.

Сепак, опасноста за српскиот тенисер не доаѓа само од Тијафо. До крајот на годината, Лернер Тиен, Јакуб Меншик, Рафаел Ходор, Александар Бублик, Каспер Руд и неколку други играчи би можеле да се борат за неговата позиција на АТП ранг-листата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Форбс“: Роналдо надмина 2 милијарди долари заработка, првпат во спортската историја

Кристијано Роналдо повторно е на врвот на листата на...

📷 Меси се врати во Шпанија, ја доби наградата „Принцеза од Астурија“

Лионел Меси пристигна во шпанскиот регион Астурија, каде што...

Интервју со Ристовски: Голем дел од спортистите во Македонија сè уште немаат финансиска сигурност

Да бидеме реални, голем дел од спортистите во Македонија...

„Добро е што Винисиус е тажен…“: Неочекуван став на Мбапе за проблемите на Бразилецот

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, изјави дека е...