🎥 Се огласи Верстапен по несреќата: Направив грешка, забрзав прерано

Макс Верстапен не успеа да го заврши првиот круг од неговата последна трка за Големата награда на Холандија во Зандворт

Прегледи:

Датум:

Макс Верстапен не успеа да го заврши првиот круг од неговата последна трка за Големата награда на Холандија во Зандворт.

Наместо да се збогува со своите домашни фанови и да се бори за подиумот, четирикратниот светски шампион ја заврши трката во заштитната ограда, а неговиот Ред Бул претрпе сериозна штета.

Верстапен ја изгуби контролата врз својот автомобил, каде што асфалтот беше сè уште влажен. Ударот беше силен, но Холанѓанецот помина без повреди и самиот излезе од автомобилот. Трката беше прекината поради инцидентот.

Холанѓанецот веднаш ја презеде одговорноста за инцидентот.

„Направив грешка. Свиокот беше сè уште влажен. Го видов посувиот дел и се обидов да забрзам, но очигледно беше прерано“, објасни Верстапен по несреќата.

Раната елиминација и губењето на бодови не е она што најмногу го повредува. Овој викенд во Зандворт не беше обична трка. Тоа беше последното Гран При на Холандија, и токму на тоа место, „царството“ на Верстапен во последните години, домашниот херој успеа да заврши само еден цел круг.

Армија фанови очекуваа Верстапен да приреди спектакл на Зандворт, каде што победи три пати по ред од 2021 до 2023 година. Наместо тоа – разочарување.

„Добро сум, но направив голема грешка и направив многу штета“, рече видливо очаен холандски возач.

Наместо да слави со фановите, трката ја проследи како еден од нив, гледајќи го исходот и победата на Ландо Норис надвор од патеката.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Томовски со одличен старт во Бунсдеслигата

Мартин Томовски бележи одлчичен старт со Битигхајм во Опел...

Лига на шампиони: Реал во Рим, Јунајтед во Мадрид, Барселона во Истанбул

Второто коло од Лигата на шампионите носи два дена...

Винисиус повторно раскина со Вирџинија Фонсека, љубовната врска со инфлуенсерката е завршена

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор (26) повторно е во центарот...

Нов скандал ја тресе ФИФА: Откриени исплати од милиони долари кон Инфантино, вила во Мајами…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се најде во центарот...