Швајнштајгер ќе и плаќа неверојатна сума месечно на Ана Ивановиќ за тројцата синови

При одредувањето на износот, судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер, но и животниот стандард на кој се навикнати децата

Прегледи:

Датум:

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер ќе мора да издвојува вкупно 45.000 евра месечно за издршка на трите сина што ги има со поранешната сопруга Ана Ивановиќ, објавуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од Германија.

Според овие наводи, судот во Мајорка донел привремена одлука со која се утврдува дека Бастијан Швајнштајгер плаќа по 15.000 евра месечно за секој син, што изнесува 540.000 евра годишно.

При одредувањето на износот, судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер, но и животниот стандард на кој се навикнати децата. Во пресметката биле вклучени и секојдневните трошоци за домаќинството, вклучувајќи приватни готвачи, дадилки, домаќинки и градинари.

Старателството над трите сина ѝ припадна на Ана Ивановиќ. Поранешната светска тенисерка број еден и победничка на Ролан Гарос од 2008 година, ќе ја задржи и куќата на Мајорка, која ја купила пред да почне да се забавува со германскиот фудбалер.

Јутјуб/Принтскрин/The Overlap

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се запознале во 2014 година и се венчале на 12 јули 2016 година во Венеција. Заедно добиле три сина – Лука (2018), Леон (2019) и трет син роден во 2023 година. Нивната врска завршила по речиси единаесет години, а разделбата официјално била потврдена во јули 2025 година, со образложение дека преовладуваат непомирливи разлики.

Иако ја завршил играчката кариера во 2019 година, Швајнштајгер сè уште заработува значителен приход. Од 2020 година работи како коментатор и аналитичар на германската телевизија АРД, со која има договор најмалку до 2027 година, а се проценува дека секое телевизиско појавување му носи помеѓу 10.000 и 25.000 евра.

Тој, исто така, заработува дополнителни приходи од спонзорства, вклучувајќи ја и кампањата за познат синџир за брза храна пред Светското првенство во 2026 година. Неговото вкупно богатство се проценува на помеѓу 60 и 70 милиони евра, од кои поголемиот дел го заработил на фудбалски терени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...

Ташима вели дека ќе служи само еден мандат како претседател на ФИФА доколку победи

Козо Ташима, почесниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација, изјави...

Менаџерот на Дукати: Нема сомнение дека Марк Маркез е најдобриот во историјата

Генералниот менаџер на проектот на Дукати во МотоГП, Луиџи...

Алонсо: Астон Мартин не може да се натпреварува во Формула 1 со овој погонски склоп

Фернандо Алонсо е категоричен дека тимот на Астон Мартин...