🎥 Се огласи Верстапен по несреќата: Направив грешка, забрзав прерано

Макс Верстапен не успеа да го заврши првиот круг од неговата последна трка за Големата награда на Холандија во Зандворт

Прегледи:

Датум:

Макс Верстапен не успеа да го заврши првиот круг од неговата последна трка за Големата награда на Холандија во Зандворт.

Наместо да се збогува со своите домашни фанови и да се бори за подиумот, четирикратниот светски шампион ја заврши трката во заштитната ограда, а неговиот Ред Бул претрпе сериозна штета.

Верстапен ја изгуби контролата врз својот автомобил, каде што асфалтот беше сè уште влажен. Ударот беше силен, но Холанѓанецот помина без повреди и самиот излезе од автомобилот. Трката беше прекината поради инцидентот.

Холанѓанецот веднаш ја презеде одговорноста за инцидентот.

„Направив грешка. Свиокот беше сè уште влажен. Го видов посувиот дел и се обидов да забрзам, но очигледно беше прерано“, објасни Верстапен по несреќата.

Раната елиминација и губењето на бодови не е она што најмногу го повредува. Овој викенд во Зандворт не беше обична трка. Тоа беше последното Гран При на Холандија, и токму на тоа место, „царството“ на Верстапен во последните години, домашниот херој успеа да заврши само еден цел круг.

Армија фанови очекуваа Верстапен да приреди спектакл на Зандворт, каде што победи три пати по ред од 2021 до 2023 година. Наместо тоа – разочарување.

„Добро сум, но направив голема грешка и направив многу штета“, рече видливо очаен холандски возач.

Наместо да слави со фановите, трката ја проследи како еден од нив, гледајќи го исходот и победата на Ландо Норис надвор од патеката.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Продолжуваат да се зголемуваат проблемите на Карик пред тешкото патување во Лигата на шампионите

Мајкл Карик се соочува со нови проблеми откако двајца...

Киву: Лигата на шампионите не се освојува само со пари

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, разговараше со медиумите пред...

Дибала пред дуелот со Реал: „Олимпико“ ќе ни помогне

Пауло Дибала е нетрпелив да го направи своето деби...

Легенда на Јунајтед бара строга казна за Сити: Да ја започнат секоја сезона со -25 бода во следните 5 години

Поранешниот голман Питер Шмајхел презентираше радикален план за казнување...