📽️📸 Мекларен го одбележува својот 1.000-ти старт во Формула 1

Прегледи:

Датум:

Светскиот шампион во Формула 1, Мекларен, ќе го одбележи својот 1.000-ти старт во спортот со посебна шема на бои.

Овој викенд во Монако, Мекларен ќе учествува во својата 1.000-та рунда, која ќе се одржи на истата патека каде што основачот на тимот Брус Мекларен го имаше своето деби во првиот автомобил од Формула 11 што го носи неговото име во 1966 година.

Двата автомобили на Мекларен ќе бидат обоени во металик верзија од папаја портокалова и антрацит црна боја, со бројот 1000 во основата на капакот на моторот. Тимот ќе ја користи истата шема на бои за следниот тркачки викенд во Барселона.

„Шемата на бои ја симболизира пораката на Мекларен – никогаш не се откажуваме – објасни тимот. – Имало моменти во нашата историја кога сме постигнале голем успех, но сме се соочиле и со предизвици кои нè направиле посилни.“

Мекларен ќе го претстави својот прв болид од Формула 1, Мекларен М2Б, заедно со автомобилот за оваа сезона, во четврток во Монако. Таму ќе бидат извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, шефот на тимот, Андреа Стела, светскиот шампион Ландо Норис и неговиот тимски колега Оскар Пјастре, а тимот ги покани и сите возачи кои победувале во автомобили на Мекларен во текот на годините.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...