Акоста најбрз во Остин, црвени знамиња поради Марк Маркез

Третиот тркачки викенд во Мото ГП започна. Првата слободна тренинг сесија заврши на патеката во Остин, а најбрзото време го забележа Педро Акоста.

Прегледи:

Датум:

Третиот тркачки викенд во Мото ГП започна. Првата слободна тренинг сесија заврши на патеката во Остин, а најбрзото време го забележа Педро Акоста.

Сесијата беше обележана и со падот на Марк Маркез на патеката, што предизвика кревање црвени знамиња. За среќа, возачот на Дукати помина без повреди.

Акоста, возачот на КТМ, го постави најбрзиот круг – 2:01.715.

Веднаш позади него беа Фабио ди Џанантонио и Хорхе Мартин, додека Марк Маркез заврши со четврто најбрзо време (+0,378 во споредба со Акоста). Раул Фернандез беше петти.

Десетте најбрзи во првата сесија ги комплетираа Алекс Маркез, Лука Марини, Аи Огура, Марко Бецеки и Франко Морбидели.

Франческо Бањаја го имаше 11-то најбрзо време во сесијата (+0,796 во споредба со Акоста).

Возачите од кралската класа ќе се вратат на патеката во 21 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...