Антонели на пол-позиција во Монако

Кими Антонели ја освои пол-позицијата во најважната квалификациска сесија во сезоната во Монте Карло

Прегледи:

Датум:

Кими Антонели ја освои пол-позицијата во најважната квалификациска сесија во сезоната во Монте Карло. Возачот на Мерцедес ќе стартува пред Макс Верстапен, додека Луис Хамилтон го обезбеди третото место на стартната линија за Големата награда на Монако.

Верстапен беше блиску до освојување на пол-позицијата, но во драматичната завршница на квалификациите беше престигнат од младиот Италијанец. Кими постави време во последниот круг само 0,43 илјадитинки побрзо од четирикратниот светски шампион, со што му ја одзеде пол-позицијата.

Шарл Леклер имаше проблематичен трет дел од квалификациите, завршувајќи зад тимскиот колега Хамилтон откако ја удри бариерата во последниот круг. Џорџ Расел беше четири десетинки побавен од неговиот италијански колега од Мерцедес и ќе стартува од шестата позиција, покрај Исак Хаџар.

Двата Мекларена ќе го заземат четвртиот ред од стартната линија, а Оскар Пјастри ќе биде пред Ландо Норис.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...