МотоГП: Маркез победи на спринт трката во Унгарија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната спринт трка што се одржа во рамките на шампионатот во Мото ГП за Големата награда на Унгарија

Прегледи:

Датум:

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната спринт трка што се одржа во рамките на шампионатот во Мото ГП за Големата награда на Унгарија.

Актуелниот светски шампион стартуваше од пол-позицијата и победи со време од 21:22.047 минути.

Тој водеше од почетокот до крајот на патеката Балатон Парк и ја оствари својата трета победа на спринт трка во сезоната.

Возачот на КТМ, Педро Акоста, беше втор, со заостанување од 1,548 секунди.

Лидерот во генералниот пласман на Априлија, Марко Бецеки, го освои третото место, со заостанување од 2,772 секунди.

Раул Фернандес од Трекхаус го освои четвртото место, Фермин Алдегер од Гресини беше петти, а Хорхе Мартин од Априлија беше шести.

Трката во шампионатот во МотоГП за Големата награда на Унгарија ќе се одржи во недела во 14 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...