Бецеки: Сè уште се чувствувам лошо поради инцидентот во Брно

Лидерот во генералниот пласман на МотоГП, Марко Бецеки, изјави пред викендот на Големата награда на Холандија дека казната што ја доби во Чешка минатата недела била сосема заслужена

Прегледи:

Датум:

Лидерот во генералниот пласман на МотоГП, Марко Бецеки, изјави пред викендот на Големата награда на Холандија дека казната што ја доби во Чешка минатата недела била сосема заслужена.

Италијанецот беше суспендиран од трката во Брно откако влезе во физичка пресметка со маршал по неговиот пад во спринтот претходниот ден. Целата ситуација предизвика многу дискусии во падокот на МотоГП, а Бецеки јавно проговори за инцидентот за прв пат пред медиумите во Асен.

„Мислам дека казната беше правилна и сè прифатив. Разбрав што се случи и се обидов да ја искористам како можност да учам и да станам подобра личност.

Беше многу тежок викенд, но овие денови генерално се доста тешки. Сакам да ја искористам оваа можност уште еднаш да се извинам за моите постапки во Брно. Тоа беше многу лош гест од моја страна, не пристапив правилно кон ситуацијата, беше многу тешко и сè уште се чувствувам лошо.

Не само за мене, туку и за тимот, за сите во фабриката, за целото првенство, кое не заслужуваше таква слика. И до маршалот кој беше вмешан во ситуацијата. Сакам уште еднаш да се извинам и да се обидам да продолжам понатаму“, рече Бицеки.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...