Две опции во игра за замена на Леклер во Мадрид

По тешката несреќа на крајот од вториот круг од Големата награда на Италија на култната Монца, Шарл Леклер е под голем знак прашалник за трката во Формула 1 во Мадрид

Прегледи:

Датум:

По тешката несреќа на крајот од вториот круг од Големата награда на Италија на култната Монца, Шарл Леклер е под голем знак прашалник за трката во Формула 1 во Мадрид.

Доколку возачот на Ферари не успее да се опорави на време за 14-тото коло од шампионатот, италијанскиот гигант ќе мора да најде резервно решение за трката што се одржува во недела. Челниците на Скудерија моментално разгледуваат две потенцијални сценарија. Првата и наједноставна опција за тимот од Маранело е да го повикаат Антонио Џовинаци. Италијанецот е официјален резервен возач на Ферари и стандарден член на нивниот екипаж во Светското првенство на издржливост (WEC), каде што минатата сезона ја освои титулата светски шампион. Неговиот ангажман би бил најбезболното решение бидејќи нема да ги наруши плановите и договорите на другите тимови во шампионатот во Формула 1.

Сепак, Ферари би можел да спроведе многу похрабра стратегија и да земе пример од неодамнешниот потег на Ред Бул. За потсетување, по повредата на Исак Хаџар, Ред Бул го преместија Лиам Лосон во првиот тим, додека неговото место во тимот на Рејсинг Булс го зазеде резервистот Јуки Цунода. Ферари би можел да направи сличен потег ако го заменат Леклер со талентираниот Оливер Берман. Британецот моментално вози за Хаас, но сè уште е цврсто поврзан со Италијанците, во чиј болид веќе влезе како замена и остави одличен впечаток. Неговата преселба во црвениот болид за викендот во Мадрид би била огромна можност, но во исто време би создало ненадеен проблем за неговиот сегашен тим.

Имено, доколку Берман привремено се пресели во Ферари, тимот на Хаас би морал итно да најде замена за трката во Шпанија. Шефот на тимот, Ајао Комацу, и менаџментот на Хаас во тој случај имаат две опции. На почетокот на годината, Хаас го потпиша Џек Дуан како резервен возач, што го става во преден план. Сепак, во таборот на американскиот тим, не е исклучено дека клучна улога ќе игра и силниот притисок од Тојота, што би можело да го поттикне Рио Хиракава конечно да добие шанса на вистинска трка од Формула 1, а не само на слободните тренинзи.

Одлука за здравјето на Леклер се очекува во наредните денови, а потегот на Ферари би можел да предизвика вистинска вртелешка во поставата на возачи пред спектаклот во Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на...

Дурант (37) вели дека кошарката е спорт за млади луѓе

Напаѓачот на Хјустон, Кевин Дурант, проговори за можноста да...

Се подготвува сензација на „Енфилд“ – легенда на Реал пред вратите на Ливерпул

Поранешниот фудбалер Џолеон Лескот откри дека Ливерпул наскоро би...

Вокап официјално го напушти Олимпијакос и се пресели во Дубаи

Сагата конечно заврши. Томас Вокап е новиот играч на...