Ферари работи на Б верзија на „Макарена“

Прегледи:

Датум:

Тимот на Ферари продолжува со работата на ротирачкото задно крило, кое е наречено „Макарена“, а според извори во Италија, негова Б верзија веќе се развива во Маранело.

Ова крило се појави накратко за време на предсезонските тестирања во Бахреин, кога Луис Хамилтон направи неколку круга со него. Крилото потоа повторно го тестираа Хамилтон и Шарл Леклер за време на слободните тренинзи во Кина, но потоа се вратија на поконвенционалната верзија на задното крило до крајот на викендот во Шангај.

Тестовите беа закажани и за слободните тренинзи во Јапонија, но беа откажани бидејќи Ферари претпочиташе да продолжи со работата на крилото во својата фабрика. И сега е јасно дека веќе развиваат втора верзија од неа, која ќе ја тестираат Хамилтон и Леклер во Монца подоцна овој месец.

Ферари ќе го посети „Храмот на брзината“ на 22 април. Тимот ќе може да помине максимум 200 километри, што е еквивалентно на 34 круга на италијанската патека за т.н. „ден на снимање“.

По овој ден, се очекува Ферари да одлучи дали да го користи крилото „Макарена“ за време на викендот на Големата награда на Мајами на почетокот на мај. Првичните планови на „Црните коњи“ беа крилото да има свое деби на трки во Канада на крајот на мај, но априлската пауза овозможи повеќе време за работа на него, и поради оваа причина би можеле да го видиме во услови на трки веќе во Мајами.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...