Gucci влегува во Формула 1

Италијанскиот моден гигант Gucci ќе стане главен спонзор и партнер на тимот Alpine F1 од сезоната 2027. Тоа е историски договор бидејќи Gucci станува првата луксузна модна куќа во историјата што ја презема улогата на главен спонзор на тим од Формула 1

Прегледи:

Датум:

Италијанскиот моден гигант Gucci ќе стане главен спонзор и партнер на тимот Alpine F1 од сезоната 2027. Тоа е историски договор бидејќи Gucci станува првата луксузна модна куќа во историјата што ја презема улогата на главен спонзор на тим од Формула 1.

Ќе ја замени австриската компанија за прочистување на вода BWT, која го спонзорира тимот од 2022 година. Значи, од следната сезона ќе имаме тим наречен Gucci Racing, предводен од легендарниот Флавио Бријаторе како специјален советник.

Официјалното име на тимот од 2027 година ќе биде Gucci Racing Alpine Formula One Team, а автомобилите ќе претрпат целосна преобразба. Препознатливата комбинација на сина и розова боја на BWT ќе биде заменета со традиционалните бои на Gucci: црна, златна, црвена и зелена.

Извршниот директор на Alpine, Флавио Бријаторе, ја изрази својата гордост од партнерството, истакнувајќи дека фабриката во Енстоун веќе докажала дека модата и спортовите на врвно ниво можат совршено да се комбинираат. Соработката вклучува и лансирање на платформата „Gucci Racing“, која ќе ги комбинира луксузот и спортот преку вредностите на прецизност, дисциплина и извонредност.

Овој навидум изненадувачки договор има јасна позадина во управувачките структури. Лука де Мео, кој успешно го водеше Renault и го воведе брендот Alpine во Формула 1, минатата година се пресели во групацијата Kering, која е сопственик на Gucci. Со поврзувањето на двете страни, Alpine добива огромна финансиска моќ да се бори со водечките тимови, а самиот бренд добива значително поголем углед на глобално ниво.

Влегувањето на високиот луксуз во Формула 1 следи поширок тренд на гридот. Откако LVMH стана глобален партнер на натпреварувањето, а брендови како Tommy Hilfiger и Hugo Boss влегоа во партнерства со Cadillac и Aston Martin, Gucci сега стана првата модна куќа што ја игра улогата на главен спонзор.

Во тековната сезона 2026, во која користи мотори на Mercedes, Alpine доживува вистинскa преродба во резултатите по исклучително тешката 2025 година. Возачкото дуо Пјер Гасли и Франко Колапинто моментално го држат осмото и 11-тото место во пласманот на возачи, додека Alpine е на солидно петто место во пласманот на конструктори. Со 35 поени во првите пет трки од сезоната, Alpine веќе значително го надмина минатогодишниот вкупен број од само 22 поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...