Хамилтон: Многу непријатна трка за мене

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон денес заврши на четврто место во Зандворт и не ја криеше својата фрустрација по завршувањето откако не успеа да се избори за третото место со Џорџ Расел

Прегледи:

Датум:

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон денес заврши на четврто место во Зандворт и не ја криеше својата фрустрација по завршувањето откако не успеа да се избори за третото место со Џорџ Расел.

„Екипата во боксот заврши одлична работа“, прво објасни Хамилтон. „Запирањата за гумите, стратегијата, сè беше многу добро. Автомобилот се чувствуваше одлично и сите сè уште работат многу напорно.

Имаме некои подобрувања тука, во првата половина од сезоната губевме помеѓу три и пет десетинки по круг, а сега сме поблиску, но сè уште заостануваме.

Но, денес дефинитивно беше многу непријатна трка за мене. Тука сум за да победам и верувам дека и Ферари може да победи. Мора да го земеме секој поен што можеме. Денес изгубив неколку секунди од Шарл и мислам дека тоа ќе направеше разлика во завршницата.

Мојата цел е да го водам тимот до титулата и дефинитивно имаме многу работа да направиме.“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...