Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула 1, победувајќи на квалификациите за Големата награда на Италија и освојувајќи ја својата прва пол-позиција во светскиот шампионат

Прегледи:

Датум:

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула 1, победувајќи на квалификациите за Големата награда на Италија и освојувајќи ја својата прва пол-позиција во светскиот шампионат.

Победникот на Монца во 2020 година го освои првото место со време од 1:21.786, што беше 0,060 секунди пред големиот фаворит во квалификациите, Џорџ Расел, кој заврши втор. Оскар Пјастри заврши трет, но може да биде казнет за блокирање на Лиам Лосон во втората фаза.

Инцидентот сè уште не е истражен и ако Австралијанецот навистина биде санкциониран, најверојатно со три места, тогаш Шарл Леклер ќе стартува трет, делејќи го вториот ред со својот колега од Ферари, Луис Хамилтон. Макс Верстапен се квалификуваше шести во квалификациите, додека лидерот во шампионатот, Андреа Кими Антонели, беше седми, но ќе стартувај одзади поради казната.

Вториот возач на Алпин, Франко Колапинто, ќе стартува седми, делејќи го четвртиот ред со светскиот шампион и победник на последните две трки во Унгарија и Холандија, Ландо Норис. Најбавен на крајот од третата фаза од квалификациите беше Арвид Линдблад, кој ќе стартува деветти по казната на Антонели.

Гран При на Италија, 13-тата трка од сезоната 2026 во Формула 1, е закажана за утре во 15:00 часот по наше време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....