МФМ ги прогласи најдобрите за 2025 година: Мијалков со Награда за најдобар остварен успех

Прегледи:

Датум:

Во присуство на претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Зоран Трајковски, членовите на Управниот одбор и кремот на спортската јавност, вчеравечер (петок, 30ти јануари) хотелот „Александар Палас” беше домаќин на вечер посветена на брзината и успехот. Но, иако настанот ги собра сите пријатели на мотоциклизмот, во центарот на вниманието беше само едно име – нашиот европски шампион Петар Мијалков.

На свеченоста, на Мијалков му беше врачена престижната Награда за најдобар остварен успех, признание кое доаѓа по серијата историски резултати со кои тој го придвижи македонскиот мотоспорт за неколку скалила напред. Неговата доминација на патеките и професионализмот го етаблираа како лидер кој поставува нови граници.

„Оваа награда не е само моја, таа е на целиот мој тим, на моето семејство и на сите вас кои верувате во мене кога сум на патеката. Свесен сум дека погледите на јавноста се насочени кон мене и дека очекувањата за новата сезона се големи. Ветувам дека ќе го дадам последниот атом од мојата енергија за да ги оправдам тие очекувања и повторно да го веам македонското знаме на највисокиот подиум”, изјави Петар Мијалков.

Додека подготовките за новата сезона веќе започнуваат, тежината на очекувањата е јасно насочена кон него. Во спортските кругови веќе не се поставува прашањето дали Македонија ќе има успех, туку со каков нов рекорд ќе не изненади Мијалков.

За Мијалков нема одмор – тој веќе навлегува во фаза на интензивни подготовки. Со оглед на досегашниот напредок, јасно е дека целата македонска јавност со нетрпение го очекува неговиот прв настап во новата сезона, каде тој повторно ќе биде главниот фаворит за највисокото место на подиумот. Предизвиците се големи, но очите на нацијата се вперени во човекот кој не знае за пораз.

Фото: Тимот на Петар Мијалков

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...