Монтоја: Ред Бул треба да му забрани на Верстапен да се трка надвор од Формула 1

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, смета дека Ред Бул треба да му забрани на Макс Верстапен да се трка надвор од светското првенство. Реакцијата на Колумбиецот беше поттикната од сериозната несреќа на последната трка од NLS на Нирбургринг, во која учествуваше Макс, а во која загина финскиот возач Јуха Миетинен

Прегледи:

Датум:

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, смета дека Ред Бул треба да му забрани на Макс Верстапен да се трка надвор од светското првенство. Реакцијата на Колумбиецот беше поттикната од сериозната несреќа на последната трка од NLS на Нирбургринг, во која учествуваше Макс, а во која загина финскиот возач Јуха Миетинен.

Ова беше трето појавување на Верстапен на Северната арка по неговото деби таму на крајот од минатата година и во март 2026 година.

„Имам прашање за тоа“, рече Монтоја во својот поткаст. „Знам дека она што се случи на последната трка беше ужасно. Но, дали мислите дека Ред Бул ќе ја преиспита својата одлука да му дозволат на Макс да се трка на Нирбургринг? Не, затоа што се плашат да не го изгубат.“

Кога го прашаа дали Ред Бул треба да му забрани на Верстапен такви учества надвор од Формула 1, Монтоја беше категоричен.

„Сто проценти. Не, жал ми е, 200 проценти сум сигурен“, објасни Хуан Пабло. „Може да се случи несреќа и Макс да скрши рака или нога.“

„Парите што Ред Бул ги инвестираше во Макс треба да бидат доволна причина да му се каже: „Слушај, ти дадовме шанса, но по овој инцидент се предомисливме и мислиме дека ова не треба да се случува.“

„Да бев шеф на Ред Бул, токму тоа би го направил. Би му се јавил на Макс и би му рекол да не се качува повеќе во тој автомобил. Мислам дека ова е нешто што треба внимателно да се разгледа.“, порача легендарниот Колумбиец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...