Францускиот возач Фабио Куартараро ќе вози за фабричкиот тим на Хонда во МотоГП шампионатот следната сезона.
Хонда официјално објави дека Фабио Куартараро е нивниот нов возач и дека двете страни потпишаа двегодишен договор, според кој тој ќе го преземе нивниот нов голем проект.
Официјалното објавување на соработката беше одложено поради договорот на производителите да не објавуваат никакви информации за пазарот на возачи пред да потпишат документ кој долго време е познат како „Договор Конкорд“.
BREAKING: Fabio Quartararo signs with @HRC_MotoGP for 2027 and 2028 ✍️ #MotoGP #FabioQuartararo pic.twitter.com/80t4RiNajg
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) July 21, 2026
Овој документ ги дефинира комерцијалните и спортските односи помеѓу производителот и промотерот на шампионатот Мото ГП во следните пет години.
Французинот доаѓа во Хонда со импресивно резиме во МотоГП, кое вклучува титула во светскиот шампионат во 2021 година, 11 победи, 32 подиуми и 21 пол позиција.
Тој моментално е на 14-то место во генералниот пласман како највисоко пласиран возач на Јамаха, иако сè уште чека на својот прв подиум во сезоната.
„Хонда Рејсинг Корпорејшн (ХРЦ) со задоволство објавува дека потпиша договор со Фабио Куартараро за сезоните 2027 и 2028 во МотоГП. Куартараро ќе се натпреварува за фабричкиот тим на Хонда ХРЦ, бидејќи МотоГП влегува во нова ера на мотоцикли од 850 кубни сантиметри од 2027 година“, се вели во соопштението на производителот.
Во соопштението не се вклучени коментарите на Куартараро, бидејќи тој останува под договор со Јамаха.
Motorsport.com дознава дека Хонда го избрала Кристијан Пупулино за главен механичар на Куартараро, а Италијанецот е задолжен да го забрза адаптирањето на Французинот на RC213V.
Она што сè уште треба да се одлучи е кој ќе го заземе второто место во фабричката гаража по неодамнешната објава дека Давид Алонсо ќе се приклучи на Хонда.
Колумбиецот се бори со Диого Мореира за второто место во фабричкиот тим, додека возачот што ќе го изгуби тоа место се очекува да вози за ЛЦР Хонда во сезоната 2027.


