Поранешен Ф1 пилот тврди: Верстапен ќе го напушти Ред Бул

Макс Верстапен, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, наскоро ќе го напушти Ред Бул, објави поранешниот возач Гидо ван дер Гарде во својата колумна за FORMULE 1 Magazine.

Прегледи:

Датум:

Макс Верстапен, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, наскоро ќе го напушти Ред Бул, објави поранешниот возач Гидо ван дер Гарде во својата колумна за FORMULE 1 Magazine.

Веќе е познато дека во 2028 година, инженерот Џанпјеро Ламбиазе ќе го напушти Ред Бул и ќе оди во Мекларен, а Ван дер Гарде верува дека Верстапен ќе го „крене сидрото“ пред него.

„Ги ставам парите на Макс. Ред Бул нема контрола врз работите, а Макс сака автомобил со кој може да победува и освојува титули. Толку е едноставно. Исто така, мислам дека Макс ќе го направи следниот чекор по оваа сезона“, напиша Ван дер Гарде.

Неговото тврдење доаѓа во време кога Ред Бул минува низ тешки времиња, по промените на правилата тие не се толку силни како порано, а Верстапен наводно е многу незадоволен.

Пред неколку недели, дури имаше и тврдење дека Макс размислува да ја заврши кариерата по оваа сезона. Што и да одлучи, сè укажува дека нема да го видиме во болид на Ред Бул следната година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...