Феникс можна дестинација за Антетокумпо

Името на Јанис Антетокумпо се повеќе се поврзува со можно заминување од Милвоки, а сега во приказната се приклучи и нов кандидат – Феникс Санс

Прегледи:

Датум:

Името на Јанис Антетокумпо се повеќе се поврзува со можно заминување од Милвоки, а сега во приказната се приклучи и нов кандидат – Феникс Санс.

Според најновите информации што ги објави „Еурохупс“, Санс се споменуваат како една од потенцијалните дестинации за грчката суперѕвезда пред летото 2026 година, доколку конечно се раздели со Бакс.

Засега, сè е во доменот на шпекулации, но ситуацијата во Милвоки станува сè потензична. Несогласувањата меѓу Јанис и клубот околу управувањето со неговото здравје станаа јавни, а НБА дури и започна истрага според правилата за учество на играчите.

Од една страна, Антетокумпо тврди дека бил подготвен да игра, додека Бакс имале поинакво мислење. Во оваа ситуација, Фeникс ја гледа својата шанса.

Можноста Јанис да игра покрај Девин Букер, како и амбициозната визија на сопственикот Мет Ишбија, го прават ова сценарио особено интересно.

Сепак, важно е да се нагласи – сè уште нема конкретни преговори.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...