Тото Волф изненаден од предноста на Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека е изненаден од предноста што го имаа „сребрените стрели“ во квалификациите за Големата награда на Австралија, со што започна сезоната во Формула 1.

Прегледи:

Датум:

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека е изненаден од предноста што го имаа „сребрените стрели“ во квалификациите за Големата награда на Австралија, со што започна сезоната во Формула 1.

Џорџ Расел ја освои трката 0,293 секунди пред тимскиот колега Андреа Кими Антонели, а Исак Хајар, кој ќе стартува трет, 0,785 секунди зад Расел. По квалификациите, Волф рече дека Мерцедес криел дел од своето вистинско темпо за време на предсезоната и тренинзите во Мелбурн, но не толку колку што е разликата во квалификациите.

„Механичарите денес одлично ја завршија работата. Автомобилот [на Антонели] изгледаше како Лего што беше фрлен на земја буквално два часа пред квалификациите. Пет минути пред да започнат им кажав дека нема да стигнат, но потоа Макс [Верстапен] излета од патеката и тоа ни даде минути што ни беа потребни за да го изнесеме автомобилот на патеката.

Сите ќе кажат дека сме го криеле темпото при тестирањата, но тоа е невозможно бидејќи во спротивно не би знаеле каде е автомобилот. Дали понекогаш возевме со 10 кг или повеќе гориво во автомобилот? Можеби. Но, сè уште немаме знаење за овие автомобили за да си дозволиме намерно да возиме потешки, па затоа сме изненадени од предноста што ја имаме, но ја прифаќам“, објасни Волф по квалификациите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...