Агит Кабајел бара следна борба со Усик

Непоразениот Германец не сака да чуе за итен реванш со Рико Верховен

Прегледи:

Датум:

Агит Кабајел јасно стави до знаење дека тој треба да биде следниот противник на Олександр Усик. Непоразениот Германец од курдско потекло, кој ја држи привремената титула во тешка категорија на WBC, верува дека доволно долго чекал за својата шанса.

„Јас сум претендент број еден и долго време го чекав овој момент. Подготвен сум за следниот голем предизвик“, изјави Кабајел за The Ring.

Триесет и три-годишниот боксер не верува дека треба да има итен реванш меѓу Усик и Рико Верховен по контроверзниот крај на нивната борба во Египет:

„Тој не може да зборува за итен реванш. Прво јас сум.“

Кабајел, исто така, коментираше за самиот натпревар меѓу Усик и Верховен, според него, Украинецот го контролирал натпреварот:

„Борбата со Рико не беше лоша. Мислам дека Рико победи во една рунда, но како и да е. Јас не сум судија.“

И покрај победата на Усик, Германецот верува дека Украинецот не бил задоволен од сопствениот настап:

„По таков настап, Усик ќе се врати и ќе покаже подобра верзија од себе. Мислам дека и тој самиот не бил задоволен.“

Кабајел увери дека влегува во секоја борба со целосна самодоверба и дека нема сомнежи во своите способности.

„Во секоја борба влегувам самоуверен, фокусиран на себе и ќе бидам подготвен. Роден сум подготвен за борба. Ајде да го направиме тоа.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...