Рељиќ со нов бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите

Прегледи:

Датум:

Македонката Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпревар Фуџурија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати.

Поради добрата ранг позиција, Мила не се натпреваруваше во првото коло и ја чекаше подобрата противничка меѓу Кумари Аканша од Индија и Ју Јеук Чан од Хонг Конг. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди.

Потоа, во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така, со 2:0 во рунди.

„Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила, повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата. Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранкинг листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со БРОНЗЕН медал на еден од најсилните турнири во Азија“, објаснува нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој изрази огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристевски кој во целост ги покрил сите финансиски трошоци за овој турнир за Фуџарија и следниот натпревар во Инсбрук, Австрија.

Фото: Chapter 4

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...