Крај на една од најголемите саги од зимскиот преоден рок: Лукман од Бергамо се сели во Мадрид

Прегледи:

Датум:

Атлетико Мадрид официјално го потврди трансферот на Адемола Лукман во својот тим. По долга и напната битка за неговите услуги, тренерот Диего Симеоне доби нова алка во својата напаѓачка линија.

„Атлетико Мадрид и Аталанта постигнаа договор за трансфер на нигерискиот интернационалец Адемола Лукман, кој веќе е во Мадрид“, напиша мадридскиот клуб.

Зимскиот преоден рок беше полн со подеми и падови, а тешкотиите со кои се соочи спортскиот сектор на Атлетико го направија доаѓањето на нигерискиот фудбалер приоритет, особено откако опцијата за Горецка пропадна на 30 јануари, па клубот го префрли фокусот на напаѓачот од Аталанта.

Лукман ја започна својата професионална кариера во Чарлтон, а во текот на годините играше за вкупно шест клуба. Тој беше член и на Евертон, Лајпциг, Фулам, Лестер и Аталанта.

Тој навистина „експлодираше“ како играч во Бергамо. За три и пол сезони во Италија, тој забележа 55 гола и 27 асистенции, статистика што сега сака да ја продолжи во дресот на Атлетико.

Фото: Х/Атлетико Мадрид

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...