Верховен: Се чувствувам како некрунисан крал на тешката категорија

Холанѓанецот не се согласува со контроверзниот прекин на натпреварот против Усик и инсистира на реванш со апсолутниот шампион

Прегледи:

Датум:

Рико Верховен верува дека го докажал своето место меѓу најдобрите во тешката категорија и покрај поразот од Олександр Усик во еден од најзборуваните боксерски натпревари оваа година.

Легендата на кикбоксот беше блиску до сензационална победа, но загуби во 11-тата рунда откако судијата Марк Лисон ја прекина борбата неколку секунди пред крајот на рундата. Одлуката предизвика сериозна дебата меѓу навивачите и аналитичарите, а самиот Верховен останува убеден дека борбата е прекината предвреме.

„Подготвен сум за секого. Тука сум да останам. Мислам дека покажавме дека можеби сме најдобри. Се чувствувам како некрунисан крал“, рече Верховен во емисијата „Inside The Ring“ на DAZN.

Холанѓанецот, исто така, зборуваше за тоа како реагирал на ситуацијата на крајот од 11-тата рунда.

„Се имам вратено од многу потешки ситуации. Беше крај на рундата и мислев дека ова е добро за мене. Го слушнав сигналот и знаев дека има многу малку време. Потоа судијата интервенираше. На почетокот мислев дека само ја завршува рундата, но ми рече: „Готово е, готово е“. Го прашав: „Што значи готово?“ За мене тоа беше предвремен прекин. Ова е борба за титула во тешка категорија“, коментираше Верховен.

И покрај поразот, Холанѓанецот не мисли дека Усик го потценил.

„Според мене, се сретнавме со најдобрата верзија на Усик. Донесовме нешто што тој не го видел претходно. Сега луѓето ќе велат дека тој веќе го почувствувал мојот стил и полесно ќе се справи во следната борба. Но, јас користев само некои од алатките што ги имам. Сè уште имам многу да покажам“, рече тој.

Верховен призна дека најмногу би сакал реванш со непоразениот Украинец (25-0, 16 нокаути), но е подготвен да се соочи со кој било од водечките боксери во тешка категорија.

„Во следната борба ќе видите нешто поинакво. Ако повторно се борам со Усик, ќе покажам нови работи. Ако е против друг противник, повторно ќе видите поинаква верзија од мене“, додаде Холанѓанецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...