WBC потврди – следниот противник на Усик е Агит Кабајел

Претседателот на WBC, Маурисио Сулејман, потврди дека Германецот е задолжителен предизвикувач за светската титула во тешка категорија

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Светскиот боксерски совет (WBC), Маурисио Сулејман, потврди дека следниот противник на шампионот во тешка категорија, Олександр Усик, ќе биде непоразениот Германец, Агит Кабајел (27-0, 19 нокаути).

Според Сулејман, организацијата веќе му дала дозвола на Усик доброволно да ја одбрани својата титула, а сега Украинецот мора да се соочи со привремениот шампион на WBC.

„Одлуката на WBC беше многу јасна. Го одобривме барањето на Усик за доброволна одбрана, која веќе се одржа. Неговата следна задолжителна борба е против привремениот шампион Кабајел“, изјави Сулејман за „Скај спортс“.

Кабајел (33) е едно од најопасните имиња во тешката категорија. Германецот го имаше своето професионално деби во 2011 година и до ден денес останува непоразен.

Меѓу неговите најзначајни успеси се победите над Дерек Чисора, Арсланбек Махмудов, Френк Санчез и Жан Жил, што го етаблираше како еден од водечките кандидати за светската титула.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...