Иако важи за семеен човек без ниту една дамка, Лионел Меси се најде во центарот на скандал откако аргентинската актерка и топ модел, Андреа Ринкон јавно проговори за нивната врска, но и за потегот што ја оставил во шок.
Сè започна во популарна емисија кога водителите го проверуваа Инстаграм профилот на познатата убавица во живо. Следеше ладен туш – Меси ја блокирал Андреа!
– Не ми е гајле дали ќе ме одблокира, тоа беше во друг живот – Андреа се обиде да остане ладна, но водителите веднаш „намирисаа“ приказна што беше криена со години.
Андреа не штедеше зборови додека го опишуваше Меси, тврдејќи дека сликата што јавноста ја има за него како „светец“ не е баш најточна.
– Тој не е будала! Луѓето мислат „ох, тој е Свети Лео“, но Меси многу добро знае што прави. Да престанеме да веруваме дека е некој невин тип. Беше млад, беше слободен и правеше што сакаше – рече Андреа, алудирајќи на периодите кога Меси и неговата сегашна сопруга Антонела Рокуцо беа разделени.
Секако, главното прашање што се појави во студиото беше – кој всушност го притисна копчето „Блокирај“? Водителите изнесоа теорија што аргентинските медиуми веднаш ја прифатија: Меси не го направил тоа сам!
– Ова е јасно како ден, Антонела правеше „чистка“. Каде и да види закана или жена од минатото на Лео, таа реагира. Меси ја блокираше Андреа затоа што му беше наредено да го направи тоа – се слушна во студиото, додека Андреа само мистериозно се насмевна.
Актерката конечно поентираше со приказна за тоа како и жените имаат право на свој дел од „играта“, и дека често се заборава дека и Антонела имала свои периоди на слобода.
– Можеби само барал засолниште од болката што му ја предизвикувала неговата сопруга во моментите кога не биле заедно – заклучи Ринкон, оставајќи ја јавноста во целосен транс.


