📷Мадлен Рајт ја крена температурата на социјалните мрежи со поза на плажа

Мадлен Рајт, фудбалерка која многумина со право ја нарекуваат најгламурозната спортистка на денешницата, повторно ја оправда таа титула

Прегледи:

Датум:

Мадлен Рајт, фудбалерка која многумина со право ја нарекуваат најгламурозната спортистка на денешницата, повторно ја оправда таа титула.

Британската убавица ја крена температурата на социјалните мрежи со својата најнова објава во која позира покрај море во минијатурно розово бикини.

Мадлен, која ова лето му се придружи на Чатам Таун за сезоната 2025/26, ја искористи паузата од своите обврски на теренот за да ги „наполни батериите“. Заедно со фотографијата на која се истакнуваат нејзините зачудувачки облини, таа кратко напиша: „Мојот омилен вид терапија“.

Нејзината лојална армија од над 323.000 следбеници на Инстаграм реагираше брзо, со илјадници „лајкови“ и коментари за поддршка (но и восхит за нејзиниот изглед).

Instagram

За потсетување, Мадлен ја изгради својата кариера во клубови како Лејтон Ориент и Чарлтон, а откако ги помина предсезоната со Чатам, успеа да добие договор. Нејзиниот нов клуб заврши трет минатата сезона, само шест бода зад првопласираниот Реал Бедфорд.

Сепак, атрактивната напаѓачка не привлекува внимание само на теренот. Освен што редовно споделува снимки од тренинзите и натпреварите, Маделин сака да ја покажува и својата приватна страна. Неодамна објави видео од кујната каде што ги покажа своите завидни вештини во подготовката на тестенини и зеленчук, докажувајќи дека е подеднакво добра и со фудбалска топка и со кујнски нож.

Додека навивачите на Чатам ги очекуваат нејзините голови во новата сезона, машкиот дел од публиката дефинитивно ужива во „погодоците“ што ги постигнува Маделин на социјалните мрежи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...