Карик не се откажува од Маркус Рашфорд

Мајкл Карик не отпишал ниту еден позајмен играч, со посебен акцент на Маркус Рашфорд.

Прегледи:

Датум:

Маркус Рашфорд не играл за Јунајтед од 12 декември 2024 година, но враќањето на „Олд Трафорд“ би можело да се случи следната сезона. Мајкл Карик, менаџерот на „Црвените ѓаволи“, ја остави вратата отворена за позајмени играчи, но ја одложи секоја одлука до крајот на сезоната.

„Одлуките ќе треба да се донесат на повеќе нивоа и очигледно Маркус е во таква ситуација“, изјави менаџерот.

Керик, сепак, нагласи дека „ништо не е одлучено“.

„Сакам да соработувам со играчите кои се тука и да им помогнам да напредуваат. Во моментов тоа е оваа група играчи. Има играчи кои се на позајмица и што и да се случи, ќе се случи“, објасни тој.

Англискиот менаџер повтори дека сака да го „извлече најдобро од сите играчи“.

Рашфорд постигна 12 гола и регистрираше 11 асистенции за Барселона, која може да активира опција за откуп од 30 милиони евра за да го задржи трајно.

Покрај Рашфорд, на позајмица се и Ентони (Бетис) и Расмус Хојлунд (Наполи) кои би можеле да се вратат во Манчестер следната сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...