Поранешниот тениски великан Борис Бекер (58) проговори за еден од најконтроверзните периоди од неговиот приватен живот. Познатиот тенисер призна дека ја изневерувал својата прва сопруга Барбара Фелтус, што на крајот доведе до нивниот развод и голем медиумски скандал. Бекер подоцна се ожени со Шарли Керсенберг, а потоа и со неговата сегашна сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро, додека аферата од тој период резултираше и со раѓањето на неговиот најмлад син – Амадеус.
Зборувајќи за своето неверство, Бекер рече: „Ја изневерив, тоа не е спорно. Успеавме да изградиме врска заснована на почит. Таа е прекрасна мајка на моите двајца најстари сина. Оваа година се пресели во Милано.“
Тениската икона ја изневеруваше Барбара Фелтус во лондонски ресторан додека беше во поодмината бременост со нивното второ дете, Елиас.
„После тоа продолживме понатаму. Имаше неколку сцени по разводот. Помина толку многу време што морам навистина да се потрудам да се сетам на работите што не беа толку убави од нејзина страна. Без да навлегувам премногу во детали, таа имаше моќ во тоа време затоа што јас бев негативецот. Доби убав пакет за отпремнина и убав месечен надомест. И сфати дека никој не е совршен“, рече Бекер, додавајќи:
„Сакам да кажам дека сум добар татко. Навистина се грижев за моите двајца најстари сина, иако во тоа време не живееја во Европа, се преселија во Мајами. Па така, 25 години подоцна, се гледаме себеси како блиско семејство, без оглед на сè што се случи.“
Се зборуваше дека неговата сопруга била во породилни болки во времето на неговото неверство.
„Немало породилни болки. Таа била во болница, но немало породилни болки. Не“, одговори Бекер.
За потсетување, Бекер е поранешен светски рекет број еден. Во својата кариера, тој освои 49 турнири, вклучувајќи три на Вимблдон, две Отворени пвенства на Австралија и едно Отворено првенство на САД. Тој е најмладиот шампион на Вимблдон во историјата, откако го стори тоа во 1985 година, кога имаше само 17 години, седум месеци и 15 дена.
По брилијантна кариера, тој имаше големи финансиски проблеми и заврши во затвор во Обединетото Кралство поради измама.


