ФИФА најави шоу на три стадиони: Кети Пери ќе настапи на церемонијата на отворање на Светското првенство во САД

Американската пејачка Кети Пери ќе настапи на стадионот СоФи во Инглвуд, Калифорнија, на 12 јуни пред првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година, објави Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА).

Прегледи:

Датум:

Американската пејачка Кети Пери ќе настапи на стадионот СоФи во Инглвуд, Калифорнија, на 12 јуни пред првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година, објави Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА).

На церемонијата пред натпреварот помеѓу САД и Парагвај ќе настапат и раперите Фјучр и Рема, пејачките Лиса, Тила и Анита, и диџеј Санџој, објави АП. ФИФА ги објави забавните програми пред натпреварите за отворање во сите три земји домаќини на проширениот турнир со 48 екипи синоќа.

На церемонијата пред натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка на 11 јуни на стадионот Ацтека ќе настапат Тила, Алехандро Фернандез, Дени Оушн, Лил Даунс, Белинда, Џ. Балвин, како и групите Лос Анџелес Азулес и Мана.

Канадските музички ѕвезди Аланис Морисет, Мајкл Бубле, Алесија Кара и Џеси Рејес ќе настапат на стадионот БМО пред првиот натпревар на Канада против Босна и Херцеговина. Церемониите се закажани да започнат 90 минути пред почетокот.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе биде 23-то Светско првенство во фудбал и ќе се одржи во три земји – Канада, САД и Мексико – од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Турнирот ќе се одржи во 16 градови низ трите земји, со 78 натпревари што ќе се играат во САД, додека 13 натпревари ќе се играат во Канада и Мексико.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...