Монфис се пензионирал предвреме поради шокот од разводот

Според „Л'Екип“, одлуката на Свитолина многу силно го погодило Монфис

Прегледи:

Датум:

Ако целиот свет беше шокиран од веста за разводот на Гаел Монфис и Елина Свитолина, не е тешко да се претпостави во каков шок бил францускиот тенисер кога неговата сопруга му кажала дека сака да се раздели од него.

Бракот што изгледаше како еден од најдобрите меѓу тенисерите одеднаш доживеа неочекуван крај, а според „Л’Екип“, одлуката на Свитолина многу силно го погодило Монфис.

„За Гаел, тенисот го изгуби своето значење поради разводот и затоа одлучи да ја заврши кариерата предвреме. Шокот беше преголем, тој повеќе не беше во можност да игра“, објаснува францускиот спортски весник.

Монфис планираше да се збогува со својот сакан спорт на Мастерсот во Париз за две недели, а пред тоа да игра во Лион, но се предомисли без никакви информации. Затоа неговата одлука да престане да игра пред неколку дена беше дочекана со изненадување. Никој не знаеше што е тоа, а потоа дојде уште поголемото изненадување – веста за разводот.

На 5 октомври, Монфис ја извести Единицата за интегритет на тенисот да го отстрани од списокот на играчи кои подлежат на допинг тестови. Никој не знаеше за неговата одлука сè до минатата недела. Дури кога турнирот во Лион го информираше печатот дека Монфис ја одбил вајлд-картата, се дозна дека се пензионирал.

Наместо да ужива во последните денови од својата кариера, Монфис сега е во Дубаи, заедно со својата четиригодишна ќерка, каде што се обидува да се собере и да се подготви за она што го чека на суд.

Неговиот последен официјален натпревар ќе остане дуелот со Лернер Тиен на Отвореното првенство на САД.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...

Тенискиот свет во шок! Швјонтек нема да настапи на завршниот ВТА турнир!

Ига Швјонтек се повлече од турнирот ВТА 500 во...