Некогаш третата тенисерка во светот ќе се мажи со синот на Мицотакис, откри и кој ќе присуствува од колегите

Некогаш третата тенисерка во светот, сега 43-та на планетата - Марија Сакари, објави дека ќе се мажи за својот долгогодишен партнер Константинос Мицотакис, син на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Прегледи:

Датум:

Некогаш третата тенисерка во светот, сега 43-та на планетата – Марија Сакари, објави дека ќе се мажи за својот долгогодишен партнер Константинос Мицотакис, син на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Многумина беа заинтересирани кои ќе бидат гостите од светот на тенисот, а Марија Сакари откри за рускиот Јутјуб канал „Прво и црвено“ кој од тенискиот свет ќе биде поканет.

– Ѓоковиќ ќе биде меѓу гостите. Ќе има и други луѓе од светот на тенисот. Ќе ги поканам Ајла Томљановиќ, Дона Векиќ, Белинда Бенчиќ и Сорана Кирстеа. Како и Стефанос Циципас и неговиот брат Петрос. Ќе поканам и неколку грчки тенисери со кои пораснав и имав неверојатни моменти на универзитетот. Дефинитивно ќе поканам повеќе од нив пред свадбата – рече Сакари.

Новак и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис имаат одличен однос:

– Новак и мојот иден свекор се многу блиски – рече Сакари, а познато е дека Ѓоковиќ често бил во Атина, каде што има куќа, во последните две години.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...