Пепе раскина со актерката во филмови за возрасни: Имаше информации за брак, но…

Поранешната ѕвезда на Арсенал и сегашен напаѓач на Виљареал, Николас Пепе, официјално го потврди крајот на неговата бурна врска со познатата актерка во филмови за возрасни - Теана Трамп.

Прегледи:

Датум:

Поранешната ѕвезда на Арсенал и сегашен напаѓач на Виљареал, Николас Пепе, официјално го потврди крајот на неговата бурна врска со познатата актерка во филмови за возрасни – Теана Трамп.

Иако со месеци се појавуваат во светските таблоиди, фудбалерот одлучи да проговори и силно да ги негира сите гласини што го следат овој пар.

Пепе, кој очигледно го изгубил трпението со написите за неговиот приватен живот, беше краток, јасен и доста суров во својата објава на социјалните мрежи.

– Накратко, сега сум слободен. Никогаш не сум зборувал за брак, а уште помалку за давање пари на некого. Ве молам престанете да зборувате за тоа без причина – рече репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

За потсетување, врската помеѓу Пепе и Теана Трамп привлече огромно внимание од јавноста штом се дозна за нивната романса. Многумина шпекулираа дека двојката е пред брак, додека на социјалните мрежи се ширеа теории дека фудбалерот го финансира луксузниот живот на својата избраничка. Сепак, беше напишано и дека таа имала доста пари и дека му платила дури 30.000 долари за неговиот роденденски подарок.

Со овој потег, Пепе сакал да го „изгасне огнот“ и да го врати фокусот исклучиво на фудбалскиот терен, каде што се обидува да ја врати старата форма во дресот на „Жолтата подморница“ оваа сезона.

Се чини дека неспортските приказни станаа преголем товар за човек кој некогаш беше платен неверојатни 80 милиони евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...