Сабаленка планира да се занимава со нов спорт: Најдобрата тенисерка во светот шокира со своите планови

Арина Сабаленка моментално ги доживува најдобрите денови од својот живот. Таа цврсто го држи првото место на ВТА листата (веќе 86 недели), а со четири Гренд слем титули во џебот и неодамна комплетираниот „Саншајн Дабл“ (титули од Индијан Велс и Мајами), Арина е апсолутна кралица на модерниот тенис. Сепак, она што го откри за својата иднина остави многумина во шок.

Прегледи:

Датум:

Арина Сабаленка моментално ги доживува најдобрите денови од својот живот. Таа цврсто го држи првото место на ВТА листата (веќе 86 недели), а со четири Гренд слем титули во џебот и неодамна комплетираниот „Саншајн Дабл“ (титули од Индијан Велс и Мајами), Арина е апсолутна кралица на модерниот тенис. Сепак, она што го откри за својата иднина остави многумина во шок.

Иако има само 27 години, Сабаленка призна за „Ескваер“ дека веќе размислува што ќе прави кога ќе го „закачи рекетот“. Нејзиниот агресивен стил на игра, по кој е препознатлива, ќе бара посебен „издувен вентил“.

– До крајот на мојот живот ќе морам да правам нешто каде што ќе можам да ја изразам таа агресија. Можеби тоа ќе биде боксот. Чувствувам дека совршено ги балансира моите две личности. На теренот сум агресивна и емотивна, тоа е она што ми треба за најдобар тенис, додека приватно сум сосема поинаква личност – искрена е Арина.

Патот до врвот воопшто не беше лесен. Арина призна дека тенисот ја „спасил“ откако нејзиниот татко Сергеј ненадејно починал во ноември 2019 година, на 43-годишна возраст. Нивниот заеднички сон беше да освојат два Гренд слема до 25-годишна возраст – план што го исполни и далеку го надмина.

– Да не беше тенисот, не знам каде ќе бев сега. Губењето на татко ми беше ужасно. Важно е да плачеш, да тагуваш, да не го чуваш тоа во себе затоа што може да те уништи, но теренот ми помогна да ги пренасочам мислите и да продолжам понатаму – рече тенисерката, која по Отвореното првенство на Австралија (2023, 2024) „врза“ и две титули на Отвореното првенство на САД (2024, 2025).

Покрај спортските успеси, за Арина цветаат рози на лично ниво. Непосредно пред почетокот на турнирот во Индијан Велс, нејзиното момче Јоргос Франгулис ѝ предложи брак во романтична атмосфера покрај базен. За среќата да биде комплетна, Сабаленка се пофали и со новиот член на семејството – мало кученце по име Еш.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...