ЗОИ: ТВ репортерка пијана се тркалаше во снег, шокантниот пренос во живо го обиколи светот

Видео од австралиската репортерка Даника Мејсон стана вирално на социјалните мрежи откако се појави во живо од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо.

Прегледи:

Датум:

Видео од австралиската репортерка Даника Мејсон стана вирално на социјалните мрежи откако се појави во живо од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо.

Новинарката известуваше за австралиската телевизија Канал 9, а гледачите брзо сфатија дека е во исклучително добро расположение за време на преносот. Во еден момент зборуваше за цените на кафето и спортските настани, но потоа целосно отстапи од темата и почна да се тркала во снегот.

„Цената на кафето овде е всушност во ред… Треба да се навикнеме на цените во САД… Не сум сигурна за игуаните? Каде води ова? Како и да е, да се вратиме на спортот бидејќи има многу работи што се случуваат дома…“, рече Мејсон во донекаде неповрзан говор.

Видеото брзо ги преплави социјалните мрежи, а многумина коментираа дека репортерката изгледа била под дејство на алкохол. Мејсон брзо ги потврди обвинувањата и јавно се извини за своето однесување.

„Сакам да ја преземам целосната одговорност. Тоа не е стандардот што си го поставувам. Добро сум, само веројатно ми е малку непријатно“, изјави таа за Би-Би-Си.

Додаде дека погрешно ја проценила ситуацијата.

„Сосема погрешно ги проценив околностите. Не требаше да пијам, особено во овие услови. Ладно е, ние сме на голема надморска височина и веројатно не помогна тоа што не вечерав. Навистина ми е жал и им се заблагодарувам на сите за нивните пораки за поддршка“, рече Мејсон.

Видеото од нејзината изјава сè уште се споделува со брзо темпо, а целиот случај предизвика бројни реакции во јавноста.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...