Фудбалскиот свет и британската јавност беа во шок по веста дека ѕвездата на Манчестер Сити, Рубен Дијаш (29) и популарната водителка Маја Џама (31) раскинале по година и пол врска.
Според британските медиуми, двојката одлучила да се раздели пред три недели, непосредно пред Маја да замине за Шкотска за да снима нов проект. Потврда за раскинувањето пристигна и на социјалните мрежи – двајцата ги избришаа сите заеднички фотографии од своите профили на Инстаграм, вклучувајќи ги и оние од романтичното патување во Рим и божиќните прослави.
Ова беше недела од пеколот за дефанзивецот на „граѓаните“. Само неколку дена откако Манчестер Сити шокантно ја загуби титулата во Премиер лигата од Арсенал, се појавија информации за пропаѓањето на неговата врска.
Извори блиски до двојката велат дека раскинувањето било пријателско и дека нема „лоша крв“.
– Маја влегува во интензивен распоред за снимање, додека Рубен е целосно фокусиран на претстојното Светско првенство. Тие сфатија дека нивните патишта се раздвојуваат и дека врската природно завршува – изјави извор за „The Sun“.
За потсетување, двојката почна да се забавува во декември 2024 година, а само пред четири месеци се преселија во луксузна вила во Чешир вредна околу пет милиони евра.
Нивната љубовна идила беше потресена и од трауматичен настан во јануари оваа година, кога нивната вила беше ограбена додека Рубен беше на патување во Турција и Маја во Јужна Африка. Крадците потоа одзедоа вредни предмети во вредност од неколку илјади фунти, по што двојката ангажираше 24-часовно обезбедување кое живееше во нивниот двор.
Пред Рубен, Маја Јама беше во долгогодишна врска со раперот Стормзи, додека Дијаш се сметаше за еден од најпосакуваните ергени во светот на фудбалот.


