Брилијантниот Олимпијакос го сруши европскиот шампион и се пласираше во финалето на Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос се првите финалисти во Евролигата за оваа сезона, откако го победија Фенербахче, актуелниот европски шампион, со 79:61 во првиот натпревар од Фајнал Фор вечерва во Атина

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на Олимпијакос се првите финалисти во Евролигата за оваа сезона, откако го победија Фенербахче, актуелниот европски шампион, со 79:61 во првиот натпревар од Фајнал Фор вечерва во Атина.

Брилијантниот Олимпијакос водеше од самиот почеток на натпреварот и по првите десет минути беше 18:12, а потоа следеше неефикасна втора четвртина.

Сепак, Олимпијакос го зголеми своето водство и во неа и на полувремето водеше со прилично сигурни 33:24.

Потоа, носени од поддршката на своите навивачи, Олимпијакос одигра фантастична трета четвртина и го зголеми водството на 56:41, а до почетокот на четвртата четвртина беше јасно дека Фенербахче не може да го сврти резултатот.

На пет минути до крајот, имаше разлика од 17 поени во корист на Олимпијакос и навивачите на грчкиот тим почнаа да слават во ОАКА Арената.

Натпреварот заврши со резултат 79:61.

Херој на тимот од Пиреја беше Алек Питерс со 17 поени, Саша Везенков постигна 16 поени и пет скока, а Тајлер Дорси постигна 15 поени. Најдобар за Фенербахче беше Тарик Биберовиќ со 17 поени и пет скока, а Тален Хортон Такер постигна 16 поени и шест скока.

Во второто полуфинале од Евролигата, вечерва се среќаваат Валенсија и Реал Мадрид, а победникот го игра финалето против Олимпијакос во недела.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...