Иниеста: Шпанија не треба да се опседнува со Меси, туку да ја игра својата игра

Легендата на шпанскиот фудбал - Андрес Иниеста, 16 години подоцна се потсети на подвигот во финалето во Јоханесбург. Поранешниот гениј на Барселона, кој го постигна победничкиот гол за „Ла Фурија“ во финалето во 2010 година против Холандија, разговараше со „Мундо Депортиво“ и „Ел Мундо“, споделувајќи ги своите очекувања за финалето.

Прегледи:

Датум:

Легендата на шпанскиот фудбал – Андрес Иниеста, 16 години подоцна се потсети на подвигот во финалето во Јоханесбург. Поранешниот гениј на Барселона, кој го постигна победничкиот гол за „Ла Фурија“ во финалето во 2010 година против Холандија, разговараше со „Мундо Депортиво“ и „Ел Мундо“, споделувајќи ги своите очекувања за финалето.

Иниеста, исто така, посочи што мора да направат играчите на Луис Де ла Фуенте за да ја победат Аргентина: „Шпанија мора да биде верна на себе и да не се опседнува со еден играч. Без разлика колку размислувате за Лео Меси, во секунда кога не сте на штрек, тој може да ве изненади. Шпанија мора да биде верна на она што го направила и на она што е. Ако го постигнат ова, иако имаат многу тежок противник пред себе, ќе го насочат натпреварот во насоката што ја сакаат“.

Во врска со Меси, тој не ги штедеше своите пофалби, како што се очекуваше: „Лео е способен за сè, беше одлучувачки во текот на целото Светско првенство, неговите соиграчи се подготвени да умрат за него. Тој е надвор од секоја дискусија, разликата ја прави она што се случува на теренот, а таму Меси е неоспорен“.

Најдобриот стрелец во финалето, кој ѝ ја донесе на Шпанија единствената светска титула досега, нема претензии кој од неговите сонародници ќе го „наследи“ и ќе го постигне победничкиот гол утре: „Секој од шпанската репрезентација. Не ме интересира. Важно е да се постигне гол и тие да можат да го почувствуваат ова неописливо чувство што го доживеав јас. Како што секогаш велев, сите го постигнавме тој гол“.

Иниеста не се потруди со предвидување за големиот натпревар: „Невозможно е да се предвиди ништо. Финалето, како и секој фудбалски натпревар, е изложено на многу мали детали што можат да го одредат резултатот. А во недела – уште повеќе, бидејќи не зависите само од играта, туку и од емоционалните прашања. Единственото нешто што го знам е дека Шпанија мора да биде верна на идентитетот и стилот што ги донесе тука. Ова е патот што може да им ја донесе титулата“.

Иниеста, исто така, коментираше за својот поранешен соиграч од Барселона и мегаѕвезда на Аргентина, Лео Меси: „Мислам дека Лео ќе ме разбере. Шпанија игра, мојата земја, мојот народ играат, моите соиграчи играат. Тоа е уникатен натпревар и би сакал овие играчи да имаат можност да го доживеат она што го доживеавме ние“.

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, САД, на 19 јули во 21 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...