Големото дерби помеѓу Атлетико и Барселона заврши со голема победа на гостите од Каталонија. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид заврши со резултат 1:2 (1:1).
Атлетико прв поведе со голот на синот на тренерот, Џулијано Симеоне, во 39-тата минута.
🚨GOAL LA LIGA
GIULIANO SIMEONE SCORES
Atletico Madrid 1-0 Barcelona.
— Kalshi FC (@KalshiFC) April 4, 2026
Сепак, гостинскиот тим возврати преку Маркус Рашфорд и израмни само три минути подоцна.
🎥 👀 #LoanWatch: Marcus Rashford SCORES for FC Barcelona vs Atletico Madrid! 🇪🇸 ⚽️ #MUFC pic.twitter.com/mi7Qr1rSLf
— The United Space (@TheUtdSpace) April 4, 2026
Домашниот тим остана со играч помалку во судиското продолжение на првото полувреме, откако трагичната фигура на овој натпревар, Аргентинецот Николас Нико Гоинзалес, доби втор жолт картон, а потоа и директен црвен картон.
Првиот жолт картон го доби за намерно играње со рака, вториот за груб фаул како последен играч. Во обете ситуации, сакаше да го запре брзоногиот Ламин Јамал.
На самиот почеток од второто полувреме, гостинскиот играч, Жерар Мартин, исто така доби директен црвен картон, но повторно дојде ВАР повикот и одлуката беше променета во – жолт картон.
Барса напаѓаше во текот на целото второ полувреме и го бркаше вториот гол, кој конечно го постигна Роберт Левандовски во 87-мата минута со – многу среќа.
Lewandowski gives Barcelona the lead.
Atletico 1-2 Barcelona pic.twitter.com/WnSr15jHfL
— Footballnus (@footballnus) April 4, 2026
Овој триумф значи дека Каталонците, кои се на врвот на табелата, се искачија на 7 бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид, кој доживеа шокантен пораз од 1-2 на Балеарските Острови против Мајорка порано денес.
Претходно, Реал Сосиедад го победи Леванте со 2-0 на домашен терен во Сан Себастијан, додека дуелот помеѓу Бетис и Еспањол заврши без голови.


