📊Фудбалската јавност шокирана: Пристигнаа бројките на Меси од финалето

Лионел Меси го навикна фудбалскиот свет на магија во најголемите натпревари, но судирот со шпанската репрезентација во финалето на Светското првенство донесе податоци што ќе ги натераат аргентинските фанови да се чудат

Прегледи:

Датум:

Лионел Меси го навикна фудбалскиот свет на магија во најголемите натпревари, но судирот со шпанската репрезентација во финалето на Светското првенство донесе податоци што ќе ги натераат аргентинските фанови да се чудат.

Шпанците успеаја нешто што ретко успева – целосно да го неутрализираат еден од најдобрите на сите времиња.

Ова не беше ноќ во која видовме препознатливи магични на „десетката“ на „гаучосите“. Напротив, шпанската одбранбена машинерија создаде одбрана во која Меси се чувствуваше како да е во кафез.

Кога ќе се погледне целокупниот настап на натпреварот, бројките изгледаат неверојатни за фудбалер со негово реноме:

* 0 удари кон голот (единствениот обид беше блокиран)
* 1/5 точни центрирања
* 1/5 точни долги топки
* 2 пати топката беше изгубена под притисок
* 3 изгубени дуели и 1 направен прекршок

Шпанците практично ги затворија сите негови приоди кон голот, го удвојуваа со секој прием и го принудија да оди длабоко за топката, каде што не можеше да направи разлика. Податоците од првото полувреме се бизарни, имаше повеќе стартови отколку создадени шанси!

Статистиката од првите 45 минути од играта изгледа особено поразителна. Меси го заврши првото полувреме со 15 допири, со максимален учинок во додавањата (9/9) и добиени дуели (4/4), но без никаков конкретен учинок во нападот.

Неверојатен факт: Во првото полувреме, Меси имаше повеќе регистрирани стартови на топката (1) отколку шутеви кон голот или создадени шанси за соиграчите (0)!

Иако се бореше и доби три фаули во своја корист, Шпанците успеаја да го одвојат капитенот на Аргентина од опасната зона и да го сведат на улогата на „работник во средниот ред“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...